Станбено-деловен објект ТИМС 11

Станбено-деловниот објект ТИМС 11 се наоѓа на ул. „Васко Карагелески“ (сегашна Коста Новаковиќ),во населба Аеродром. Сместен е во тивка и урбанизирана околина, на мала оддалеченост од центарот на Скопје. Во непосредна близина на објектот се наоѓаат и Поликлиниката Јане Сандански, Маркетот Тинекс, Универзитетот Американ Колеџ и Воениот базен.

Објектот е составен од 6 станбени катови и поткровје, на кои се распоредени вкупно 65 станбени единици. Нивната големина се движи од 44 - 108 м2. На приземјето се предвидени 8 деловни единици, чии влезови, во најголем дел се ориентирани кон ул.Васко Карангелески. Вкупниот број на места за паркирање, наменети за станарите изнесува 88, од кои 70 се сместени на двете подземни нивоа, а 18 на пристапното ниво.

Објектот е проектиран по сите европски стандарди за квалитетно домување и се одликува со висок станбен комфор и максимална искористеност на просторот.