За Нас

За нашата компанија

Тим-инженеринг е компанија формирана во 1990 година. Таа обединува тим на искусни инженери од различни профили. Денес Тим-инженеринг е една од најуспешните компании во Македонија и поседува лиценци за проектирање и надзор за објекти од втора категорија. Компанијата поседува и лиценца за вршење на процена во областа на недвижен имот. Во периодот од 2008 до 2010 година, таа е вклучена во првите 50 најуспешни фирми, како дел од проектот на Министерството за економија „200 најголеми и најуспешни“. Квалитетно изведените станбено-деловни објекти и големиот број на задоволни клиенти се доволен показател за успешноста на нашата компанија и начинот на кој таа функционира.

За нашата работа

Уште од почетокот на својата работа, Тим-инженеринг се позиционира на пазарот, како стручно-ориентирана компанија, која професионално се занимава со работи од областа на архитектонското проектирање и изведба на станбено-деловни објекти, стручен надзор при градба, трговија со градежни материјали и недвижен имот.