Трикуќа
Проектот го носи името ТРИКУЌА затоа што оваа викенд куќа содржи три независни функционални целини, наменети за едно семејство, со два возрасни сина и нивните семејства. Барањата на корисниците се однесуваа на можноста за понатамошна флексибилна поделба на два еднакви дела. Заедничко за сите корисници се пристапот до објектот, групираните паркинг места и дворниот простор. Куќата е лоцирана во селото Сопиште, во близина на Скопје, на брдесто подигнување, со погледи кон градот и околното зеленило. Како целина, куќата содржи две видливи просторни компоненти - приземје=цврста база и кров = лесно покривање. Приземјето ги содржи спалните простории и бањите на становите наменети за синовите, додека станот за родителите е сместен во предниот дел, со поглед кон градот и непосреден пристап до дворот. Врската на катот е преку независни внатрешни скали. Тој е симетрично организиран и составен од кујна, трпезарија, дневек боравок и две тераси во секоја од станбените единици. Како дополнителен простор е малата галерија, која служи како место за игра и спиење на најмладите членови на семејствата.
Доминантна улога во обликувањето на објектот има кровот. Како обединувачки елемент, тој претставува прекршена и перфорирана структура, која на краевите завршува со големи стаклени екрани и отвора непречен поглед кон околината, од секоја позиција во просторот. Дополнителен ефект на присуство на сегменти од природата се постигнува преку кровните перфорации.