Станбено-деловен објект ТИМС 10
Станбено-деловниот објект ТИМС 10 е лоциран во Реонскиот центар во населбата Ново Лисиче. Како струткурален склоп, составен е од две ламели и вкупно 7 нивоа (сутерен, приземје, 4 ката и поткровен простор). На катовите и поткровјето сместени се вкупно 65 станови со различни големини.
Деловниот-простор ги опфаќа приземното и сутеренското ниво. Во надворешноста, објектот има едноставен и модерен архитектонски израз, со правилни и ритмично поставени отвори и бои кои го прават интересен, привлечен и лесно допадлив.